Младинките завршија на шестото место, “пенал рулетот” за Исланд

191

Македонската младинска женска репрезентација заврши на шестото место на ЕХФ шампионатот. Нашите девојки одиграа одличен меч, иако пред самиот крај имаа негатива од пет гола, се вратија и се изборија за седмерци. Избраничките на Љубомир Савевски не се покажаа најдобро беа совладани со 32-30 (28-28, 16-11).

Противникит поведе со 4-1, најголемата позитива која Исланд ја имаше во првото полувреме беше четири гола 9-5 и 10-6. Македонија израмни на 12-13, но изгуби здив. Во вториот дел Исланд влезе сигурно, имаше пет гола позитива.

Се чинеше дека лесно ќе дојдат до бодовите, но младинките со серија од 5-0 израмнија на 28-28, последните два гола ги постигна Седлоска. Мечот се решаваше по изведување на седмерци. Исланд се снајде подобро.

Во нашиот табор најјефикасна беше Џатевска со шест гола, а веднаш зад неа Седлоска со пет

ПретходноМакедонските олимпијци веќе се аклиматизираат во Токио
СледноБратот на Дембо Дарбо пристигна во Работнички