Ливерпул нема намера да менува ништо на голманската позиција, откако е се поизвесно дека ќе го „врзе“ својот голман Алисон Бекер со нов, петгодишен договор.
Согласно најавите „Црвените“ имаат намера да му понудат нова соработка на Бразилецот која ќе биде до 2026 година.
Алисон веќе три години е неприкосновен на голот на Ливерпул, а со него екипата ја освои титулата во Премиерлигата, како и Лигата на шампионите.