Искусниот босански голман Асмир Беговиќ, го засили тимот на Евертон за новата сезона. Тој се сели на „Гудисон“ од Бурнмут, каде што беше досега.
Во минатото Беговиќ беше дел од Стоук, Челзи, па замина во Милан, а сега ќе биде повторно дел од најсилната Лига во светот.
Сепак, Беговиќ ќе биде втора варијанта за Евертон, со оглед дека меѓу диреците неприкосновен е Џордан Пикфорд.