Братот на Дембо Дарбо пристигна во Работнички

2153

Откако Дембо Дарбо, сега веќе екс играчот на Шкупи одигра одлично изминатата сезона и направи милионски трансфер во тимот на Шахтјор Солигорск, сега и неговиот брат ќе се обиде да го изоди истиот пат.

Се работи за Ламин Дарбо, кој пристигна не во Шкупи, туку како најново засилување на тимот на Работнички.

Дарбо е веќе во Охрид каде што се приклучи на екипата заедно со веќе претставениот во македонските медиуми Ебрима Баџи.

И двајцата ќе треба да се наметнат кај тренерот Александар Влахо, и да покажат зошто се доведени.

 

ПретходноМладинките завршија на шестото место, “пенал рулетот” за Исланд
СледноМустафов од денеска во Ренова