Буфон верува дека Алегри ќе го врати Јуве на шампионските патеки

220

Сегашниот голман на Парма Џанлуиџи Буфон смета дека Максимилијано Алегри ќе го врати тимот на Јувентус на старите шампионски патеки.

„Јувентус ги има сите предиспозиции повторно да го освои Скудетото. Сигурно дека минатата сезона беше разочарувачка, но сега очекувањата се поинакви. Затоа го повикаа Алегри, а никој подобро не знае како да го врати Јуве од него“, рече искусниот голман.

Буфон на прашањето за Кјелини и Бонучи на ЕП, рече дека не е изненаден од нивната одлична игра во одбрана, и рече дека изненадувањата се Киеза и Донарума.

ПретходноНагелсман по поразот на дебито на Баерн М: Мораме уште многу да работиме
СледноНавивачите на Лацио го навредуваа косовскиот фудбалер, Сари им „одржа лекција“ (ВИДЕО)