Верстапен разочаран: Додека јас сум во болница, Хамилтон слави!

917

Макс Верстапен, возачот на Ред Бул денеска немаше среќа на легендарната патека Силверстон за ГН на Велика Британија. Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1 сезонава, уште во првиот круг имаше судир со Луис Хамилтон, па неговиот болид излета од патеката и не ја продолжи трката. Британецот тоа го искористи и успеа на крајот пред своите фанови да победи.

Сите се сложуваат дека актуелниот светски првак мораше да добие поголема казна од тие 10 секунди, но сепак неговото име и фактот дека возеше “дома“ си го сторија своето.

Верстапен пак мораше во болница на дополнителни прегледи, а на социјалните мрежи имаше и “своја“ посебна порака, пред се адресирана до Луис Хамилтон.

“Додека јас сум во болница Хамилтон слави. Тоа е непочитување и неспортско однесување, но ајде да продолжиме понатаму“ напиша покрај другото Холанѓанецот.

ПретходноРаботнички се засили со дефанзивец од Белорусија!
СледноНема победа за крај: Кошаркарките до 20 години поразени од Косово