По цели 15 години во Реал Мадрид веќе го нема Серхио Рамос, легендариот капитен на „кралевите“. Тој сега е играч на ПСЖ, но никој во Реал не може така лесно да го заборави Рамос. Имено никој од играчите не го сака дресот со бр.4, оној во кој настапуваше Рамос кога беше на “Сантијаго Бернабеу“.
Ова е најголема можна почит и најголем респект кој го имаат играчите на Реал за својот довчерашен капитен.
Инаку Серхио Рамос во новиот клуб, во ПСЖ ја “зема“ четворката и со тој дрес ќе се обиде да ги повтори игрите и резултатите од времето кога беше во Мадрид.