Гамеиро се враќа дома, навивачите во „транс“

156

Искусниот напаѓач Кевин Гамеиро е блиску да се врати во екипата на Стразбур.

Како што пренесуваат француските медиуми, наводно Гамеиро и Стразбур се во преговори, и денеска би трбало да биде завршена работата. Како слободен играч ќе потпише двегодишен договор.

Поранешниот репрезентативец на Франција ја почна кариерата во Стразбур, каде играше до 2008 година, а потоа потпиша за Лориен, па играше за ПСЖ, Севиља, Атлетико и во изминатите неколку сезони во дресот на Валенсија.

Навивачите се во еуфорија по веста дека Гамеиро (34) се враќа дома.

 

ПретходноМилвоки направи „брејк“ и се доближи до титулата во НБА!
СледноНагелсман по поразот на дебито на Баерн М: Мораме уште многу да работиме