Елиф Елмас, нашиот фудбалски Дијамант го заврши одморот после настапот на ЕУРО со Македонија и веќе се приклучи на подготовките на својот тим Наполи.
Тој за медиумите во Италија одговораше на повеќе прашања, секако за нас најинтересно беше тоа за репрезентацијата на Македонија.
„Прекрасно е искуството од ЕУРО, импресивно. Прекрасно е да играш за својата репрезентација на едно големо натпреварување. Јас се надеваме дека Македонија пак ќе игра на ЕП“ истакна Елмас.
Тој се осврна и на тоа дека нивиот број на дресот, “седумката“ ќе му даде нови и дополнителни мотиви за уште подобри настапи за Наполи. Кажаа дека ужива во Наполи, дека омилено јадење му е пицата и дека луѓето во градот биле прекрасни.
Додека негов идол му бил Роналдињо.