Локатели ги одби понудите на Арсенал и Борусија, сака само во Јувентус

290

Италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели ги одби понудите од Арсенал и Борусија Дортмунд, објавија италијанските медиуми.  Истите се категорични дека играчот за врска сака само трансфер во Јувентус и веќе има договор со „старата дама“. Истиот гласи на три милиони годишно и договор до 2026 година.

Торинскиот гигант активно работи на постигнување договор со Сасуоло, сегашниот тим н аЛокатели за постигнување дил , но во оваа фаза двете страни се уште не успеале да постигнат договор за цената на играчот.

 

 

ПретходноДа не јадеше бургери ќе беше најдобар на светот
СледноМакедонските олимпијци веќе се аклиматизираат во Токио