Андреј Магдевски, репрезентативниот плејмекер својата кариера ќе ја продолжи во Плоешти, клуб од Романија. Ова ќе биде нов интернационален предизвик за кошаркарот кој во изминатите три сезони настапуваше со успех за МЗТ Скопје.
Магдевски имаше неколку понуди, како од “металците“ за продолжување на соработката, исто така за него беше силно заинтересиран и Работнички, но сепак Магдевски се реши за романскиот Плоешти.
Досега во својата кариера, Андреј Магдевски беше член на Партизан, Фени Индустри, Гостивар, секако МЗТ Скопје.