Кошаркарите на Милвоки направија голем брејк во Аризона, кој може да им донесе титула во НБА, со оглед дека сега поведоа 3:2 во серијата против Феникс.
Бакс имаат сега меч топка во дуелите со „сонцата“ откако триумфираа во петтиот натпревар со 123:119. Првата шанса за освојување на пехарот ќе го имаа веќе во вторник кон среда кога ќе се игра шестиот меч, а Милвоки ќе бидат домаќини.
Иако беа во незавидна ситузија, губеа 2:0 во серијата, сепак, не само што успеаја да ја стигнат, туку и да поведат.
Феникс одличнбо го отвори синоќешниот дуел, и поведе дури ос 16 поени предност. Се чинеше дека ќе го скрши отпорото и ќе го води мечот до крај рутински, но Милвоки брзо врати, а до крајот на полувремето уфрли 43 поени и на одмор замина со мала предност.
Како одминуваше времето, Милвоки само „додаваше гас“, па во четвррата четвртина Бакси имаа максимално +14. Феникс се обиде да притисне да стигне, ама не успеа.
Адетокумбо со 32 поени беше најефикасниот кај победничкиот тим. На другата страна Девин Букер постигна 40 поени, но задлудно.