Навивачите на Лацио го навредуваа косовскиот фудбалер, Сари им „одржа лекција“ (ВИДЕО)

576

Мал инцидент на вчерашниот тренинг на фудбалерите на Лацио. Неколку навивачи кои дојдоа да го проследат тренингот, го навредуваа косовскиот напаѓач Ведат Муриќи, а во негова одбрана застана тренерот Маурицио Сари.

Напаѓачот кој дојде од Фенербахче, минатата сезона постигна само два гола, па Лацијалите се гневни на него, и поради тоа му дофрлаа на тренингот. Но, се појави и Сари.

„Ако тоа го чујам уште еднаш, ако го навредувате Ведат, ќе летате од тука“, им порача Сари, а тие веднаш го послушаа.

ПретходноБуфон верува дека Алегри ќе го врати Јуве на шампионските патеки
СледноБарселона го „краде“ Санчез пред Ливерпул