На 71.година почина легендарниот Ненад Стекиќ

526

 

Голема тага на Балканот, имено денеска на 71.година почина Ненад Стекиќ. Тој беше еден од најпознатите спортисти во екс – Југославија, во свое време еден од најдобрите скокачи во далечина во светот.

Стекиќ во 1975 година на митингот во Монтреал успеа да скокне 8.45 метри, што долго време во светски атлетски рамки беше втор резултат, веднаш по оној на Боб Бимон од 8.90 метри. Во тие моменти тие 8.45 метри на Стекиќ беа и европски рекорд. Атлетичарот Стекиќ беше мошне популарен и почитуван спортист, посебно на просторите на бившата заедничка земја.

Беше освојувач на три сребрени медали на ЕП, потоа освои две злата на Медитеранските игри, додека од Универзијадите дојде до златко и сребро.

Историјата на атлетиката ќе го памети и како првиот белец кој успеал да скокне толку далеку во дисциплината скок во далечина, дури 8.45 метри.

На крај да кажеме дека тој во својата кариера вкупно 144 пати успеал ги прескокне тие, во негово време, магични 8.00 метри.

ПретходноМагдевски направи трансфер во Плоешти!
СледноШкендија ако ја мине Рига може да заработи најмалку 1,4 милони евра од УЕФА!