Нема победа за крај: Кошаркарките до 20 години поразени од Косово

366

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години не успеа да дојде до победа на последниот меч во рамките на ФИБА „Челенџер“ турнирот, чиј домаќин беше Скопје.

Избраничките на селекторот, Саша Димитријевиќ по голема драма, во самиот финиш беа совладани од Косово со минимални 63-62. Македонија имаше напад за победа, Митрева украде топка, но Поп Стојанова промаши за три поени.

Дуелот мина изедначено, првата четвртина им припадна на нашите кошаркарки, имаа водство од 13-15, во следниот период противникот беше подобар со 16-10, односно на полувреме водеше со 29-25. По изедначената игра во третата четвртина (21-21), следеа десет драматични минути. Македонија имаше свои шанси за триумф, но не ги искористи. И на оваа средба Димитријевиќ не сметаше на Матеа Николиќ, кој заработи повреда.

Македонија овој турнир го заврши со четири порази и на последното место на табелата.

Митрева и на оваа средба беше најдобра, постигна 28 поени и пет скока, зад неа беше Секуловска со 16 поени и 6 скока.

ПретходноВерстапен разочаран: Додека јас сум во болница, Хамилтон слави!
СледноГолманот на Аргентина: Би го дал својот живот за Меси!