Александар Позњак (26), интернационалец од Белорусија е ново име во редовите на Работнички. Игра во дефанзивата, а последен клуб му бил Динамо Брест. Бил член и на Шахтјор Солигорск. Ова треба да биде едно од најголемите засилувања во редовите на клубот од Градски парк ова лето. Позњак е некогашен младински репрезентативец на Белорусија, а има настап и за најдобрата селекција.
Белорусинот од утре ќе им се приклучи на тренинзите на останатите свои нови колеги, денеска работеше индивдуално, а се очекува во среда да биде во составот на Работнички на пријателската средба со Ренова.