Ренато Санчес одигра фантастично на Европското првенство во дресот на Португалија кога неговата земја ја освои титулата. На неговата адреса стигнаа многу понуди, се шпекулираше дека се договорил со Јунајтед, но во последен момент ситуацијата се промени.
Тој наместо во дресот на „црвените ѓаволи“ заврши во Баерн, во чии редови замина за 35 милиони евра од Бенфика. Но, сето ова не се покажа како најдобар потег.
Португалецот не успеа да ги оправда очекувањата, не беше ниту сенка на она што го покажа на тоа ЕП. Подоцна замина на позајмица во Свонси, но ниту таму не блескаше.
Во 2019 година го напушти Баерн и за 20 милиони евра се пресели во Лил. Ова беше вистински потег, дојде до шампионската титула.
И по ова ЕУРО тој се најде во центарот на вниманието. Тој е на мета на неколку големи имиња, претходно го поврзуваа со Арсенал и Ливерпул, но не доби конкретна понуда.
Шпанските медиуми на големо пишуваат дека Санчес можно е да заврши во Барселона, Роналд Куман го сака во својот состав. Предводникот на Барселона му порачал на Лапорта да се обиде да го донесе. Засега најверојатно ќе биде на позајмица со задолжителен откуп на неговиот договор следната сезона.
Првиот човек на каталонскиот гигант веќе стапил во контакт со раководството на Лил, останува да видиме како ќе заврши сето ова.