Тетекс со Беса одигра 0:0 на првата летна контрола!

439

 

Тетекс денеска го одигра својот прв пријателски натпревар ова лето. И тоа на Градскиот стадион во Гостивар, каде ривал им беше новиот второлигаш, тимот на Беса. Овој меч заврши со резултат 0:0, и покрај тоа што имаше неколку шанси за тимот од Тетово, две шанси за гол имаше и тимот од Добри Дол. Колку за прв меч стручниот штаб на “штофарите“ предводен од Георгиевски и Цветковски сепак може да биде задоволен. За второлигашот од Тетово на овој меч настапија дури 25 фудбалери, сите добија своја минутажа.

Да кажеме и тоа дека “штофарите“ своите летни подготовки за претстојната сезона во ВМФЛ – Запад, ги почнаа на 12 јули, сега следуваат и други пријателски мечеви на кои ќе се “темпира“ формата.

ПретходноЈапонците на македонски јазик ги поздравија нашите олимпијци (ВИДЕО)
СледноСара Миновска во Ол-стар тимот на ЕХФ шампионатот