Екипата на Милан следната сезона очигледно дека ќе изгледа поинаку отколку минатата. По доведувањето на Оливие Жиру, веќе денеска на Сан Сиро е презентиран нов фудбалер.
Се работи за францускиот интернационалец Фоде Бало Туре, кој доаѓа од тимот на Монако.
Тој е производ на школата на ПСЖ, па преку тимот на Лил односно Монако пристигнува во Милано.
Тој има 24 години, игра по левата бековска односно крилна позиција, а откако ги мина младинските селекции на Франција, како сениор се реши да настапува за Сенегал.