Хаос во Токио: Уште 10 нови случаи на коронавирус во олимпиското село

202

Хаосот во олимпиското село непосредно пред почетокот на Олимписките игри продолжува. Денеска е објавено дека се детектирани уште 10 нови случаи на коронавирус, меѓу кои и двајца спортисти, а детектиран е и коронавирус и кај еден спортист кој не се наоѓа во олимпиското село.

Засега не се соопштува за кои спортисти станува збор, како и од кои држави доаѓаат.

Олимписките игри треба да бидат свечено отворено на 23. јули и ќе траат до 8. август.

Игрите ќе бидат под специјални протоколи, без публика. Граѓаните се противеа и бараа одложување.

ПретходноБарселона го „краде“ Санчез пред Ливерпул
СледноАлисон Бекер останува на „Енфилд“ до 2026 година