Филип Озобиќ и официјално доби дозвола од ФИФА да ги промени националните бои и да заигра за репрезентацијата на Азербејџан. Хрватот своевремено важеше за еден од најголемите таленти во Хрватска ги мина сите младински селекции, а настапи и на два меча за сениорите но не на официјални натпревари. Тоа се случи пред тој да наполни 21. година што го прави способен да ги промени националните бои.
Настапува во шампионатот на Азербејџан повеќе од пет години што е исто така услов за да го промени спортскиот пасош, и веќе нема пречки тој да се најде на списокот на селекторот Џани Де Бјази.
Озобиќ во моментов е играч на Карабах, а настапуваше и за екипата на Габала.