Тимот на Ливерпул беше пред потпис со португалскиот играч од средниот ред, Ренато Санчез. Фудбалерот на Лил го сврте вниманието кон себе по одличните настапи на ЕУРО 2020, и е баран од многу клубови.
Меѓутоа сега работата ја „расипува“ Барселона која пројави интерес за фудбалерот од средниот ред. Па така сега според најновите информации, тој е блиску до „Камп Ноу“.
Претходно Барса беше „откачена“ од Вајналдум кој потпиша за ПСЖ, па сега „каталонците“ се во потрага по играч од средниот ред.