Сегашниот голман на Парма Џанлуиџи Буфон смета дека Максимилијано Алегри ќе го врати тимот на Јувентус на старите шампионски патеки.
„Јувентус ги има сите предиспозиции повторно да го освои Скудетото. Сигурно дека минатата сезона беше разочарувачка, но сега очекувањата се поинакви. Затоа го повикаа Алегри, а никој подобро не знае како да го врати Јуве од него“, рече искусниот голман.
Буфон на прашањето за Кјелини и Бонучи на ЕП, рече дека не е изненаден од нивната одлична игра во одбрана, и рече дека изненадувањата се Киеза и Донарума.