Макс Верстапен, возачот на Ред Бул денеска немаше среќа на легендарната патека Силверстон за ГН на Велика Британија. Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1 сезонава, уште во првиот круг имаше судир со Луис Хамилтон, па неговиот болид излета од патеката и не ја продолжи трката. Британецот тоа го искористи и успеа на крајот пред своите фанови да победи.
Сите се сложуваат дека актуелниот светски првак мораше да добие поголема казна од тие 10 секунди, но сепак неговото име и фактот дека возеше “дома“ си го сторија своето.
Верстапен пак мораше во болница на дополнителни прегледи, а на социјалните мрежи имаше и “своја“ посебна порака, пред се адресирана до Луис Хамилтон.
“Додека јас сум во болница Хамилтон слави. Тоа е непочитување и неспортско однесување, но ајде да продолжиме понатаму“ напиша покрај другото Холанѓанецот.