Голманот на Аргентина: Би го дал својот живот за Меси!

583

 

По долги години чекање, дури од 1993, селекцијата на Аргентина минатиот викенд стана првак на Јужна Америја. Ова за Лео Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, беше прва титула со својата репрезентација.

По повод освојување на титулата свој коментар имаше и голманот на “гаучосите“ Емилијано Мартинез, кој во текот на целиот шампионат бранеше фантастично.

Тој не штедеше комплименти за Меси…

“Дојде и ме прегрна во полуфиналето. На Инстаграм поставуваше одредени работи и за мене, тоа ми даде дополнителна сила за во финалето. Неговите убави зборови за мене многу ми помогнаа. Не кријам, јас би го дал својот живот за Меси“ изјавил Мартинез.

ПретходноНема победа за крај: Кошаркарките до 20 години поразени од Косово
СледноАмериканците ја победија Шпанија во главната контрола пред Токио (ВИДЕО)