Досегашниот голман на репрезентацијата на Белгија, односно на нејзините младински селекции, Миле Свилар, синот на големото голманско екс југословенско име, Ратко Свилар, се одлучи од сега натаму да го носи дресот на репрезентацијата на Србија.
Новиот селектор на Србија, Драган Стојковиќ Пикси водел интензивни преговори со голманот на Бенфика и тој конечно одлучил да го промени националниот дрес.
Србија и во минатото се обидуваше да го привлече Свилар, но тој во младинските категории сепак се одлучи за Белгија, но сега кога очигледно не е во плановите на селекторот Роберто Мартинез, реши да го прифати повикот на Србија.