Бурхан Мустафов и официјално од денеска е играч на Ренова. Искусниот играч за врска по завршувањето на евро авантурата на Силекс, се сели во таборот на „Гипсарите“ како што впрочем беше и договорот.
Мустафов да помогне во Кратово се додека се игра на интернационална сцена, а потоа да премине во Ренова.
„Гипсарите“ веќе неколку дена како се подготвуваат во Охрид, и ќе стартуваат со пријателските мечеви.