Ренова со голот на Селмани го победи Тиквеш!

494

Ренова продолжува со добрите игри и резултати во текот на летниот подготвителен период. Па така денеска “гипсарите“ во пријателски натпревар, кој се одигра на стадионот СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, со 1:0 славеа против повратникот во ПМФЛ, тимот на Тиквеш. Стрелец на голот беше Ремзифаик Селмани уште во 2.минута од натпреварот.

Се одигра сосема добар натпревар за овој период, со добра и отворена игра од двете страни. Сепак Ренова на крајот успеа да победи.

И двајцата тренери, и Ќатип Османи и Пане Блажевски им дадоа шанса за настап на повеќе свои играчи, впрочем овие контролни мечеви служат и за тоа.

ПретходноИ финалистот од Вимблдон откажа учество на ЛОИ во Токио
СледноЈапонците на македонски јазик ги поздравија нашите олимпијци (ВИДЕО)