Еуфорија на Силверстон, триумф за Хамилтон!

292

Каква трка во Силверстон на ГН на Велика Британија, и тоа со триумф на актуелниот светски првак Луис Хамилтон? Голема еуфорија покрај патеката и бројните домашни фанови. Голема победа за Британецoт, посебно ако се знае дека Макс Верстапен уште по првиот круг ја заврши трката и сега разликата во бодови во генералниот пласман драстично се намали, сепак Холанѓанецот сеуште e прв.

Инаку Хамилтон беше втор, но на три круга пред крајот го мина тогаш првопласираниот Шарл Леклер. Да кажеме дека Хамилтон беше казнет со -10 секунди по судирот со Макс Верстапен уште во првиот круг.

Ова беше 99.победа за Луис Хамилтон во Формула 1.

Втор на оваа трка беше Леклер со своето Ферари, додека трет трката ја заврши Валтери Ботас, клупскиот колега на Хамилтон од Мерцедес. Додека четврти беше Лано Норис, кој продолжуваа да вози одлични трки.

ПретходноПо само четири минути игра, Елмас го постигна првиот гол
СледноЈаневски позитивен на Ковид, Ј. Африка победи во финале!