Факт е дека Шкендија на стартот ова лето во фудбалска Европа воопшто не се прослави, напротив, доживеа срамна елиминација од Мура во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Тие вкупни 0:6, посебно катастрофата во Мурска Собота од 0:5 навистина болно одекнаа меѓу нејзините фанови.
Сега Шкендија ќе игра во 2.квалификациско коло во Конференциската лига, ривал ќе и биде Рига од Летонија. Мечевите се играат на 22 јули во Летонија и на 29 јули во Скопје.
Сепак и покрај се, тетовци имаат шанса за одлична заработка. Имено ако ја минат Рига и се пласираат во 3.квалификациско коло во Конференциската лига, тие можат да заработат најмалку 1,4 милиони евра.
Шкендија веќе досега заработи 900.000 евра, без да направи ништо. И тоа 550.000 евра за настапот во квалификациите во ЛШ како шампион на Македонија, и 350.000 евра за учество во 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Елиминацијата на Рига и пласманот во тоа 3.квалификациско коло на Шкендија ќе и донесе дополнителни 500.000 евра. Токму затоа и велиме вкупно 1,4 милион евра.
Ете тоа е годишниот буџет на Шкендија, онака неофицијално.