„Гранде“ Пандев ќе игра уште една година

859

Како што пишуваат Италијанските медиуми, капитенот на Македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, ќе биде дел од тимот на Џенова уште една година. Поточно, подготвен е да игра уште една сезона активен фудбал.

Со ова се става крај на шпекулациите околу статусот на Пандев кој летово сеуште имаше дилеми дали да продолжи да игра или пак да се пензионира, но очигледно дека Гранде во себе пронајде сила, мотивација и капацитет, за да одигра барем уште една сезона.

Од Џенова наголемо најавуваа дека во никој случај нема да прифатат пензија на Пандев, и со сите сили ќе се обидат да го остават активен, па очигледно дека им успеа намерата.

 

ПретходноРистовски и Адеми дознаа против кого можат да играат во 3.квалификациско коло во ЛШ!
СледноФилип Бакоч им се приклучи на сениорите