Динамо Загреб го продаде десниот бек на Емполи, повеќе простор за Ристовски

900

Динамо Загреб склопи уште еден интернационален трансфер за свој фудбалер. Десниот бек Петар Стојановиќ ја продолжува кариерата во Емполи. Словенецот беше продаден, а сето тоа ќе донесе добро и за Стефан Ристовски.

Сега Ристовски се очекува да биде прв избор за тренерот Дамир Крзнар кој најавил дека нема да купува нов бек по секоја цена.

Ристовски на почетокот од оваа година од Спортинг се пресели во Динамо Загреб. Тој не играше на натпреварите од ЛШ против Валур, но затоа беше 90. минути на теренот против Славен Белупо на стартот од хрватскиот шампионат.

ПретходноКаков кикс: Јуве го утнал трансферот на сега најдобриот голман во светот!
СледноИбрахимовиќ на тренинг на Баерн Минхен