На денешниот тренинг на Баерн Минхен, беше приклучен и фудбалер со звучно презиме – Ибрахимовиќ. Секако не станува збор за Златан, туку за Аријан.
Аријан е фудбалер кој игра за младите селекции на Германија, а има само 15 години. Денеска Нагелсман донесе одлука да го „проба“ и да присуствува на тренинг на „Баварците“.
Игра во офанзивниот дел од средниот ред, односно како полушпиц. Инаку според информациите, Аријан поседува и пасош на Косово.