Се чини дека на повидок е трансфер на еден од нашите најдобри фудбалери. Имено Бобан Николов е во завршни преговори со Салернитана, клуб кој што во претстојната сезона ќе се натпреварува во Серија А.
Како што известуваат медиумите во Италија, раководството на Салернитана била силно заинтересирано во своите редови да го има македонскиот играч за врска кој имаше свои настапи и на штотуку завршеното ЕУРО 2020.
Да се потсетиме дека Бобан Николов (26), минатата полусезона ја мина во Лече, но откако тој клуб не успеа да се пласира во Серија А, Македонецот си замина. Претходно штипјанецот со успех играше и за МОЛ Фехервар, Вардар, Виторул…