Еве кои играчи најмногу ја зголемија вредноста после ЕУРО 2020, првото место е изненадување

1412

После ЕУРО 2020, цената на многумина фудбалери се зголеми, а најмногу напредуваше англискиот репрезентативец Џуд Белингам. Иако не доби многу шанса за настап, неговата цена „скокна“ за 20 милиони евра, односно од 35 на 55 милиони евра.

После него следува Нуно Мендеш кој од 25, сега вреди 40 милиони, додека на Маунт порасна исто така за 15 милиони, па сега Англичанецот е 75 милиони евра.

Мусиала од Германија од 24 отиде на 38 милиони, Распадори од 4 на 15 милиони.

Киеза порано чинеше 60 милиони, сега е 70 милиони. Калвин Филипс, Гонзало Гуедеш, Маркос Лоренте, Алексендар Исак, Фил Фоден, Френки Де Јонг, Ромелу Лукаки се сега поскапи за 10 милиони евра.

Интересно е тоа што Донарума, најдобриот играч на турнирот, немаше голем раст. Ја зголеми својата цена за само пет милиони евра.

ПретходноВардарци почнаа со тренинзи на Златибор
СледноМален блиску до Дортмунд, Розе има и план „Б“