Ждрепката за новата сезона во ПМФЛ поместена за на 26 јули!

749

Иако, барем според најавите, ждрепката за новата сезона во ПМФЛ требаше да се одржи во среда (21 јули), сепак истата е поместена за следниот понеделник. Односно истата ќе се одржи на 26 јули во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, по која ќе се знае и целиот распоред во сезоната.

Ова поместување е направено поради техничките работи околу лиценцирањето.

Инаку како што е познато, јубилејната 30.сезона во ПМФЛ во самостојна Македонија ќе започне на 7/8 август. И во оваа сезона, како и во минатата, ќе има 12 клубови во нашата елитна лига.

ПретходноБабиќ: Извлеков поука од Пик Сегед, имаше лоша сезона, но на крајот стана првак!
СледноКаков кикс: Јуве го утнал трансферот на сега најдобриот голман во светот!