Ибрахимовиќ на тренинг на Баерн Минхен

822

На денешниот тренинг на Баерн Минхен, беше приклучен и фудбалер со звучно презиме – Ибрахимовиќ. Секако не станува збор за Златан, туку за Аријан.

Аријан е фудбалер кој игра за младите селекции на Германија, а има само 15 години. Денеска Нагелсман донесе одлука да го „проба“ и да присуствува на тренинг на „Баварците“.

Игра во офанзивниот дел од средниот ред, односно како полушпиц. Инаку според информациите, Аријан поседува и пасош на Косово.

ПретходноДинамо Загреб го продаде десниот бек на Емполи, повеќе простор за Ристовски
СледноВардарци почнаа со тренинзи на Златибор