Така е тоа. Некогаш ќе се погоди, некогаш не. Можеме само да претпоставиме што сега мислат челниците на Јувентус кој го “имале“ во своите редови Џиџи Донарума, сега најдобриот голман во светот, но ете го утнале трансферот.
Имено кога Џиџи имал само 12 години тој тренирал со останатите фудбалерчиња од школата на Јуве.
“Се сеќавам на него. И со само 12 години беше висок, моќен, едноставно никој не можеше да му даде гол. Јас веднаш предложив да се ангажира Донарума. Тоа беше во 2011 година, тој тогаш беше на проба во Јуве. Но, ете, клубот не успеа да го задржи“ изјавил Фабрицио Раванели, некогаш еден од најдобрите напаѓачи во Италија и репрезентативец на таа земја.
Историјата вели дека Џиџи доби шанса во Милан, и тоа само на 16 години од страна на Синиша Михајловиќ. Сега, откако стана херој на Италија на ЕУРО 2020, направи мега – трансфер во ПСЖ.
А во Јуве сеуште се чудат како го утнале Џиџи.