Во четврток (22 јули) на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, Шкупи во првиот меч од 2.квалификациско коло во Конференциската лига ќе го пречека португалскиот тим Санта Клара. Овој натпревар започнува во 20 часот, а секој оној кој што ќе сака во живо да даде поддршка на нашиот евро – претставник ќе мора да издвои симболични 200 денари за билет.
Како што информираат од таборот на Шкупи, билетите за овој натпревар веќе се пуштени во продажба.
Инаку и натаму според протоколите поради Ковид-19, Арената ќе може максимално да биде пополнета со 30% од капацитетите.