Уругвајскиот интернационалец Нахитан Нандез, инаку член на Каљари ги договори условите за премин во тимот на Интер.
Италијанските медиуми јавуваат дека сега се на ред двата клуба да се договорат околу откупната клаузула, па јужноамериканецот и официјално да се пресели на Џузепе Меаца.
Најверојатната опција во овој дил е следната. Нандез да се пресели во Интер како позајмен фудбалер во моментов, но со задолжителна клаузула за откуп следното лето. Истата би требало да биде околу 20 до 25 милиони евра во зависнот од самиот договор.