Денешното издание на Газета Дело Спорт се бави со судбината на Лоренцо Инсиње, искусниот напаѓач на Наполи и на репрезентацијата на Италија, и пишува дека клубот го вредува во моментов на 30 милиони евра.
Тоа е сумата која Наполи ја бара за него, а заинтересирани клубови не недостасуваат. Инсиње има договор со јуни 2022 година, нов дил не сака да потпише без покачување на платата. Истата во моментов е 5 милиони евра, а Наполи не може да му понуди повеќе.
Тотенхем и Барселона се екипите кои се споменуваат како заинтересирани со назнака дека Премиерлигашот има далеку поголема финансиска моќ во моментов.