Утре завршуваат десетдневните летни подготовки на Тиквеш во Охрид. Во изминатите денови повратникот во ПМФЛ ја одработи главната фаза во текот на овие подгодовки. Момците на тренерот Пане Блажевски одиграа и два пријателски меча, со Охрид (0:0) и со Ренова (0:1).
Значи утре следува враќањето во Кавадарци.
Инаку за викендов, односно за во недела (25 јули), ФК Тиквеш со градот Кавадарци, по пауза од една година, и тоа поради ситуацијата со Ковид-19 минатата година, уште еднаш ќе го организираат традиционалниот фудбалски турнир “Вуко Каров“. Последен победник на овој турнир во летото 2019 година беше Беласица, а оваа година ќе учествуваат екипите на Вардар, Победа и Тиквеш. Ова ќе биде по вторпат “Вуко Каров“ да се одржува во лето.
И овојпат ќе се игра по “италијански систем“, значи секој со секого по 45.минути.