Ристовски и Адеми дознаа против кого можат да играат во 3.квалификациско коло во ЛШ!

707

Во Нион денеска се одржа ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Динамо Загреб, каде што играат нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, во случај да ја мине пречката од 2.квалификациско коло, наречена Омонија, во третата фаза од овие квалификации ќе се сретне со подобриот од Легија Варшава (Полска) и Флора Талин (Естонија).

Што се однесува до екипата на Мура (Словенија), која ја декласира нашата Шкендија на стартот од овие квалификации, ако по некое чудо го мине Лудогорец во 2.квалификациско коло, тогаш во третото ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Олимпијакос (Грција) и Нефчи (Азербејџан).

ПретходноФИБА ги одреди термините за претквалифиикациите
Следно„Гранде“ Пандев ќе игра уште една година