Арлинд Шабани (19), младиот играч за врска по само една година престој во Струга Трим Лум не е веќе во таборот на струшкиот прволигаш. Имено раководството на годинашниот евро – претствник одлучи да го раскине договорот со младиот фудбалер од Косово, кој дојде во јули минатата година.
Инаку Шабани кога дојде минатото лето во Струга Трим Лум беше најавуван како голем талент со огромен потенцијал, сепак и покрај тоа што имаше доволно минутажа, па и шанса од стратегот Сршан Захариевски се чини дека таа иста шанса не успеа докрај да ја искористи.
Кога сме кај Шабани, како што пишуваат денеска медиумите во Албанија, тој бил трансферна цел на Тирана и Приштина.