Шампионската титулата на Италија на ЕУРО 2020 го зголеми бројот на заразени лица со коронавирус во оваа земја, соопштија здравствените власти.
Италијанските фудбалери после 53 години одново се искачија на тронот на Европа, доволен повод сите да заборават на Ковид-19. На главната прослава која се одржа на 12. јули во Рим десетици илјади луѓе ги поздравија шампионите, кои се возеа во отворен автобус.
Епидемиолозите предупредија на раст на бројот новозаразени во изминатите три денови во областа Лацио, а особено во саботата. Советникот на италијанската Влада околу епидемиолошките мерки Марко Локатели посочи дека „јавните собирања помогнале вирусот да циркулира“.
Италија на почетокот на пандемијата коронавирус беше една од земјите со најмногу позитивни случаи, но и починати лица. Во оваа земја веќе почнаа да се превземаат мерки со кои би го спречиле ширењето и на новите мутации на овој вирус.