Вардар 1961 се пакува, се сели на Златибор

718

Македонскиот првак, Вардар 1961 по неколку дена престој во Скопје се сели во Златибор каде ќе остане десетина дена. Веселин Вујовиќ и неговите момци ќе работат на физичка подготовка за новата сезона, која дефинитивно ќе биде поинаква од претходната.

„Црвено-црните“ во Супер-лигата ќе се натпреваруваат од самиот почеток, а истовремено ќе имаат обврски и во СЕХА-лига и во Лигата на шампиони. Настапот од првото коло во домашниот шампионат ќе биде шанса за помладите ракометари, токму во оваа лига и во регионалното натпреварување ќе ги добијат потребните минути.

Во агендата на Вујовиќ во рамките на подготовките се турнирот во Струга и „Хумел купот“ Магдебург. Првиот меч пред стартот на сезоната ќе го одиграат против Е.Пелистер во рамките на Супер-купот, оваа пресметка е закажана на 11. август.

Вардар 1961 во новата сезона ќе влезе со доста изменет состав.

ФОТО: РК Вардар/Денис Дуковски

ПретходноЛукаку како „терминатор“ (ФОТО)
СледноАнти-секс картонски кревети во олимписко село (ВИДЕО)