Иако, барем според најавите, ждрепката за новата сезона во ПМФЛ требаше да се одржи во среда (21 јули), сепак истата е поместена за следниот понеделник. Односно истата ќе се одржи на 26 јули во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, по која ќе се знае и целиот распоред во сезоната.
Ова поместување е направено поради техничките работи околу лиценцирањето.
Инаку како што е познато, јубилејната 30.сезона во ПМФЛ во самостојна Македонија ќе започне на 7/8 август. И во оваа сезона, како и во минатата, ќе има 12 клубови во нашата елитна лига.