И Е. Пелистер 2 тргна: Ако ни се пружи шанса за плеј-оф ќе ја зграбиме

259

Е. Пелистер 2 почна со подготовките за новата сезона, во која ќе биде дел од Супер-лигата. Александар Јовиќ и неговите момци за почеток ќе бидат во Битола, а потоа ќе се преселат во Маврово. Дел од контролите се закажани.

“Подготовките ќе ги одработиме во три фази. Првата фаза ќе ја минеме во Битола, потоа од први до десетти август се селиме во Маврово, а третата и последна фаза одново на домашно тло. Во тој период ќе одиграме контролни натпревари против Пролет и Прилеп, а ќе учествуваме и на меѓународниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп“, вели тренерот на битолчани.

Јовиќ е задоволен од изгледот на ростерот.

„Ова лето Е. Пелистер 2 заврши одлична работа. Направивме одличен концепт на млади и искусни играчи и со добра и посветена работа може да имаме успешна сезона. Со самото учество на Е. Пелистер и Вардар уште од самиот старт на шампионатот мислам дека ова сезона Суперлигата ќе биде доста поквалитетна од претходните. Има многу екипи кои ќе атакуваат на првите шест места кои водат во плеј-офот, па затоа би било неблагодарно да прогнозираме како ќе се одвива сезоната.

Оваа сезона ќе имаме една од најмладите бековски линии во првенството и сè зависи од тоа како ќе се воиграме. Младите ќе имаат максимална поддршка и минутажа, па ќе видеме како тие ќе одговорат на овој предизвик. Ако ни се пружи шанса за плеј-оф, секако дека ќе ја искористиме, а ако не, сигурно дека заслужуваме и по играчки кадар и по клупска организација да го задржиме суперлигашкиот статус“, коментира предводникот на битолскиот тим.

Нови имиња во Е. Пелистер 2 се:
Милан Ѓукиќ, Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Андре Буторац (Голден Арт КЛ7), Мартин Табаковски.

ПретходноМу завидуваат на Роналдо: Џорџина ужива на јахта, скроз гола!
СледноБобан Николов и Салернитана во завршни преговори!