Донјел Мален, играчот на ПСВ би требало да биде замената за Џејдон Санчо во Борусија Дортмунд. Холандскиот фудбалер за 30 милиони евра би требало да пристигне во Дортмунд (барем толку бара холандскиот тим).
Но, Марко Розе има план „Б“. А тоа е Маркус Турам од тимот на Борусија Менхенгладбах.
Розе добро го познава Турам, со оглед дека со него работеше во Борусија Менхенгладбах, и смета дека би бил идеална замена. Сепак, „Менш“ тешко дека ќе се согласи да го продаде, па така веројатно Мален е засега пореална варијанта.