Игор Кокошков наскоро би требало да ја напушти репрезентацијата на Србија и Фенербахче. Полсе тешкиот и комплициран период на клупата на турскиот клуб и на српскиот национален тим е пред кам-бек во Далас.
Најновата информација кога станува збор за Фенербахче е дека таму ќе го наследи Саша Ѓорѓевиќ. Според „Спортски Журнал“, тој е прва опција за некогашниот европски првак.
Ѓорѓевиќ во претходните години го водеше тимот на Виртус, по освојувањето на титулата одлучи да си замине.
Што се однесува до Кокошков, тој ќе биде во стручниот штаб на Џејсон Кид во Далас. Но, за сето ова се чека официјална потврда.